Добивка од 29,5 милиони денари за Тетекс во првото полугодие

39

teteks tetovo

Тетекс од Тетово првото полугодие од 2016 година го заврши со добивка од 29.576.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото полугодие лани за компанијата заврши со вкупна сеопфатна добивка од 28.118.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – јуни 2016 година изнесуваат 104.093.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 62.763.000 денари, додека остатокот од 41.330.000 денари е остварен на пазари во странство.