Добивка од 3,3 милиони денари за Агроплод од Ресен во првиот квартал од 2017 година

66

agroplod

Агроплод од Ресен во текот на првите три месеци од 2017 година прикажа добивка од 3.336.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првиот квартал од минатата година, компанијата евидентираше добивка од 2.039.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви март оваа година изнесуваа 3.104.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 8.108.000 денари.

Основна дејност на Агроплод е одгледување на јаболчесто и коскесто овошје, како и угостителство и туризам.