Добивка од 3,3 милиони денари за Фруктал Мак во првото тримесечје

43

fruktal-mak

Фруктал Мак во првото тримесечје од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.310.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 1.431.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од први јануари до 31-ви март оваа година, достигнаа 80.052.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се прокнижени 48.101.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата е 31.951.000 денари.

Основна дејност на Фруктал Мак е производство на сокови, нектари и пијалаци.