Добивка од 3,4 милиони денари за Попова Кула

38

popova kula

Винарската визба Попова Кула во период од први јануари до 30-ти септември оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.484.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите девет месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 2.977.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата достигнаа 37.288.000 денари. Од нив 31.047.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека остатокот од 6.241.000 денари е остварен на странски пазари.