Добивка од 3,5 милиони денари за Благој Ѓорев од Велес

22

blagoj gjorev

Прехранбената компанија Благој Ѓорев од Велес оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.591.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Искажаната добивка е резултат на намалените трошоци за суровини и материјали, како и зголемена реализација“, се вели во Образложението за остварените резултати на Благој Ѓорев.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 7.354.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за девет месеци достигнаа 452.434.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 401.164.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 51.270.000 денари.

Во првите девет месеци од минатата година, компанијата оствари вкупни приходи од продажба во вредност од 446.990.000 денари.