Добивка од 3,9 милиони денари за Технометал Вардар

22

tehnometal-vardar

Технометал Вардар во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 3.910.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата евидентираше загуба од 462.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември, достигнаа ниво од 61.363.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 45.666.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 15.697.000 денари.

Основна дејност на компанијата е увоз – извоз, големопродажба, како и малопродажба на широк асортиман на производи од железо и челик, електро и индустриски материјали, механизација и возила, хемиски, текстилни и прехранбени производи.