Добивка од 30 милиони денари за Стопанска банка Битола

12

stopanska-banka-bitola

Стопанска банка Битола заклучно со 31-ви декември 2016 година прикажа добивка од 30.067.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, банката успеа да оствари добивка од 7.842.000 денари.

“Нето приходите од камати се повисоки за 13,32% во однос на остварувањето од минатата година главно како резултат на повисоките нето приходи од камати од домаќинства следствено на зголеменото кредитирање на овој сегмент на клиенти, а во согласност со напорите за дисперзија на ризикот и проширување на клиентската база“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Приходите од провизии, како што се наведува, се зголемени за 5,92% во однос на 2015 година поради зголемен обем на кредитни работи и работи во платниот промет, зголемен обем на работа со платежни картички, распространета мрежа на дистрибуција, како и поради растот на бројот на клиенти.