Компанијата Витаминка од Прилеп минатата година ја заокружи со добивка од 30.023.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на 2018-та година, добивката на компанијата изнесуваше 62.219.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, на крајот на декември 2019 година, изнесуваа 2.433.625.000 денари. Еден дел од 1.431.319.000 денари е остварен на домашен пазар, а 1.002.306.000 денари на пазари во странство.
На крајот на минатата година, вкупните приходи од продажба достигнаа вредност од 2.254.535.000 денари.
Фото: Facebook