Добивка од 32,1 милиони денари за Стопанска банка Битола

13

 

stopanska-banka-bitola

Стопанска банка Битола, во периодот од први јануари до 30-ти јуни оваа година, оствари добивка во висина од 32.154.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Во периодот 01.01 до 30.06.2017 година, Стопанска банка Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно бруто добивка во износ од 32,15 милиони денари, што е значително подобрување во однос на минатогодишниот шестмесечен резултат. Тековното остварување е резултат на напорите за наплата на отпишаните побарувања евидентирани вонбилансно, издвоените помали загуби за оштетување на финансиските и нефинансиските средства, како и повисоките приходи од тековно работење“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Во текот на првото полугодие од 2016 година, банката евидентираше загуба од 21.235.000 денари.

Нето приходите од камати, заклучно со 30-ти јуни оваа година, изнесуваа 147.449.000 денари, што според Образложението, се повисоки за 1,76% во однос на минатата година (144.904.000 денари).

Нето приходите од провизии и надомести имаа вредност од 47.704.000 денари, додека во првото полугодие лани беа на ниво од 45.306.000 денари.