Добивка од 35 милиони за Скопски пазар во 2015 година

72

skopski-pazar

Акционерското друштво Скопски пазар, од први јануари до 31-ви декември 2015 година, успеа да оствари вкупна сеопфатна добивка од 35.066.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година, добивката на компанијата беше 54.082.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година имаа салдо од 927.345.000 денари, додека во 2014 година беа на ниво од 1.276.877.000 денари.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2015 година, според Образложението за остварените финансиски резултати, изнесуваат 34,6 милиони денари.

Скопски пазар поседува четири супермаркети, 11 дисконти, две продавници за мебел, салон за убавина и специјализирана продавница за текстил. Компанијата е активна и во секторот со недвижен имот, врши изнајмување на простор, менаџира со пазари, поседува царински терминал, складиште и два ресторана.