Добивка од 370.000 денари за Рудници Бањани

50

rudnici-banjani-1

За Рудници Бањани првото полугодие од 2017 година заврши со добивка од 370.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првите шест месеци од 2016 година, компанијата прикажа добивка од 1.111.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти јуни 2017 година изнесуваат 29.922.000 денари. Од тој износ 29.797.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека остатокот од 124.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е вадење декоративен камен за градежништво, суров гипс, креда и шкрилци.