Добивка од 4,2 милиони денари во првото полугодие за Тетекс

50

teteks tetovo

Тетекс од Тетово во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.210.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 56.237.000 денари.

“Добивката за периодот до 30.06.2015 година е резултат на остварената добивка кај придруженото друштво ТТК банка, (кое истиот период лани бележеше загуба) и значително намалување на оперативните расходи за 29% во споредба со истиот период лани“, се вели во Образложението кон финансиските извештаи.

Вкупните приходи од продажба на Тетекс, во првото полугодие од 2015 година, се на ниво од 112.954.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 54.421.000 денари, додека поголемиот дел од 58.533.000 денари отпаѓаат на странски пазари.