Добивка од 4,5 милиони денари за Македонијатурист во првите три месеци од годинава

19

makedonija-turist-580x162

Македонијатурист во текот на првите три месеци од 2017 година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.549.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата достигна 18.317.000 денари.

“Со работењето, друштвото во трите месеци од 2017 година од пружените хотелски и ресторански услуги, како основна дејност како и од други споредни дејности, оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 5,20 милиони денари којашто е за 74% помала во однос на истиот период од претходната година или нето добивка од 4,55 милиони денари, којашто е за 75% помала во однос на истиот период во минатата година“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба на компанијата, од први јануари до 31-ви март 2017 година, беа на ниво од 45.792.000 денари.

Македонијатурист работи со седум хотели: Холидеј Ин, Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош, Хотел Јадран, Хотел Бристол, Хотел Белви, Хотел Водно; два ресторани: Пивница и Македонија, и Пабот Лондон. Компанијата, исто така, е основач и на МТ – Њујорк ДООЕЛ – Скопје, компанија за промоција и финансиска поддршка на Њујорк Универзитетот Скопје, како и на високообразовната установа Њујорк Универзитет во Скопје за американски и европски студии.