Фото: Pixabay
Жито Караорман од Кичево во првото полугодие од 2017 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.803.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на првите шест месеци лани, компанијата прикажа добивка од 3.889.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни 2017 година, имаа вредност од 25.034.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 25.688.000 денари.
Жито Караорман е компанија од млинско пекарската индустрија и се занимава со производство на брашно, леб и бели печива.