Добивка од 446.000 денари за МЗТ Пумпи во првиот квартал од годината

59

mzt-pumpi

МЗТ Пумпи со добивка од 446.000 денари го заврши првиот квартал од оваа година, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период во 2016 година, компанијата евидентираше 224.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – март оваа година, беа 42.402.000 денари. На домашен пазар отпаѓа помалиот дел од 3.986.000 денари, додека остатокот од 38.416.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Приоритетна дејност на МЗТ Пумпи е производство и монтажа на пумпи, турбини, хидраулична и еколошка опрема и компресори.