Добивка од 5,2 милијарди долари за три месеци – компанија отпорна на корона кризата

73

Најголемата интернет “продавница“ во светот, Amazon, се покажа отпорна на кризата што ја предизвика пандемијата од коронавирусот.

Нето добивката на Amazon во вториот квартал од годината, во однос на истиот период лани, е двојно зголемена и изнесува 5,2 милијарди долари. Приходите од продажба во вториот квартал се зголемени за 40% на 88,9 милијарди долари.

“Ова беше уште едно многу необично тримесечје“, рече основачот на Amazon, Џеф Безос, додавајќи дека компанијата и во услови на криза отвори 175.000 нови работни места.

Пандемијата ги принуди луѓето повеќе да се потпираат на онлајн шопинг, па поради тоа што Amazon нуди и достава, ја прави компанијата отпорна на кризата.

Фото: Freepik