Добивка од 530.000 денари за Фруктал Мак

43

fruktal-mak

Фруктал Мак со добивка од 530.000 денари ја заокружи минатата година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на крајот на 2015 година изнесуваше 6.550.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември 2016 година, изнесуваа 330.841.000 денари. На домашен пазар е направена продажба од 177.980.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 152.861.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство на овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси.