Добивка од 6,5 милиони денари за Агрокуманово во првите три месеци

41

agrokumanovo

Агрокуманово од први јануари до 31-ви март оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 6.578.000 денари, покажува билансот на успех на Македонска берза.

Првото тримесечје од минатата година компанијата прикажа загуба од 909.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2016 година беа на ниво од 2.296.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 6.132.000 денари.

Агрокуманово се занимава со трговија на големо на метални садови, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење, како и со трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници, трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со пијалак, храна и тутун, услужни дејности поврзани со копнен превоз.