Добивка од 6,7 милиони денари прокнижи Славеј од Скопје

31

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика, Славеј од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември, оствари добивка од редовно работење во износ од 6.787.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Славеј во период од 01.01. до 30.09.2015 година оствари позитивен финансиски резултат – добивка од редовно работење во износ од 6.787.000 денари и во споредба со добивката од истиот период за претходната година е намалена за 43,50%“, се вели во Образложението за остварените резултати.

Падот на добивката се должи на, како што се наведува, опаѓање на цените на определени производи по регулатива на фондот, зголемување на трошоците за суровини и материјали и трошоците за нови вработувања.

Оперативните приходи во износ од 143.007.000 денари, во споредба со оперативните приходи од истиот период за претходната година во износ од 132.834.000 денари, бележат пораст од 7,6%.

Оперативните расходи, пак, се зголемени за 10,77%.