Добивка од 601.000 денари за Рудници Бањани во првото тримесечје

13

rudnici-banjani-1

Рудници Бањани првото тримесечје од оваа година го заврши со вкупна сеопфатна добивка во висина од 601.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото тримесечје лани, компанијата прикажа загуба од 4.058.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од први јануари до 31-ви март оваа година достигнаа 12.018.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓаат 11.894.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 124.000 денари.