Добивка од 61,5 милиони денари за Стопанска банка Битола за девет месеци

45

Стопанска банка Битола оствари добивка во висина од 61.517.000 денари, покажува деветмесечниот неревидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2017 година, банката евидентираше добивка во висина од 40.271.000 денари.

Нето приходите од камати, заклучно со 30-ти септември оваа година, достигнаа вредност од 257.003.000 денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци беа на ниво од 86.471.000 денари.