Добивка од 76,2 милиони денари за Оранжерии Хамзали

404

oranzerii-hamzali

Оранжерии Хамзали прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 76.261.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември лани, компанијата прикажа добивка во висина од 64.777.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваат 268.873.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 268.580.000 денари, додека 293.000 денари на пазари во странство.

Претежна дејност на компанијата е производство на раноградинарски култури: различни сорти на домати, краставици, пиперки, зелка, компир, жито и друго.