Добивка од 8,7 милиони денари за ГТЦ

52

gtc

Градски трговски центар (ГТЦ), од први јануари до 31-ви март оваа година, работеше со добивка од 8.795.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2015 година, ГТЦ прикажа вкупна сеопфатна добивка од 10.940.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2016 година беа 52.886.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 56.172.000 денари.