Добивка од 88,6 милиони денари за Витаминка за изминатите девет месеци

36

vitaminka prilep

Акционерското друштво Витаминка од Прилеп во билансот на успех прикажа вкупна сеопфатна добивка од 88.649.000 денари за период од први јануари до 30-ти септември оваа година.

Истиот период лани, Витаминка оствари вкупна сеопфатна добивка од 69.885.000 денари.

Во текот на изминатите девет месеци од 2015 година, вкупните приходи од продажба на компанијата достигнаа 1.182.272.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 860.956.000 денари, додека 501.316.000 денари отпаѓаат на странски пазари.