Добивка од 9,9 милиони денари за Макошпед заклучно со септември

30

makosped

Шпедитерската компанија Макошпед оствари добивка од 9.974.000 денари за период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 5.764.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од оваа година достигнаа 55.452.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 54.526.000 денари, додека остатокот од 926.000 денари е остварен на странски пазари. Вкупните приходи од продажба во истиот период лани беше на ниво од 52.800.000 денари.

“Во структурата на приходите најголемо учество од 69,5% имаат приходите остварени од продажба на услуги за складирање, транспорт и шпедиција во четирите организациони единици и приходи од наемнини од сопствен имот со учество од 17%“, се вели во Образложението на финансискиот резултат.