Добивка од 929,7 милиони денари за НЛБ Банка во првото полугодие од годината

17

nlb-banka-novo-logo

Во период од јануари до јуни оваа година, НЛБ Банка евидентираше добивка во висина од 929.740.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2017 година изнесува 929.740.000 денари и е повисока за 61,5% во однос на истиот период од 2016 година“, стои во Анализата на финансиски резултати на банката.

Во текот на првото полугодие од ланската година, банката прикажа добивка во висина од 575.771.000 денари.

Нето приходите од камати, во првото полугодие од 2017 година, изнесуваа 1.417.936.000 денари, додека нето приходите од провизии достигнаа 488.437.000 денари.