Добивка од 93.000 денари за Димко Митрев од Велес

60

dimko-mitrev-1-580x412

Компанијата за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, во првиот квартал од 2016 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 93.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од 2015 година, компанијата прикажа 153.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од оваа година беа 51.202.000 денари. Од тој износ, 1.139.000 денари се реализирани на домашен пазар, а поголемиот дел од 50.063.000 денари отпаѓа на продажба на странски пазари.