Добивка од 960.543 евра за Мермерен комбинат

62

mermer

Мермерниот комбинат од Прилеп минатата година ја заврши со нето добивка од 960.543 евра, стои во одлуката за усвојување на годишната сметка на компанијата, објавена на Македонска берза.

Од 01.01. до 31.12 2013 година, вкупните приходи на компанијата биле во висина од 17.668.815 евра, додека на расходите се прокнижени 16.708.272 евра.

Менаџментот на компанијата донесе одлука целокупната добивка од 960.543 евра да се акумулира.