Добивка од над 103 милиони денари за Пекабеско

69

Според податоците на деветмесечниот биланс на успех, компанијата Пекабеско во пресметковниот период евидентираше добивка во висина од 103.110.000 денари.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата оствари добивка во вредност од 73.467.000 денари.

На крајот на септември оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваа 3.489.252.000 денари. На домашен пазар продажбата имаше вредност од 3.068.319.000 денари, додека на пазари во странство беше на ниво од 420.933.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти септември лани изнесуваа 3.255.824.000 денари.