Добивка од над 104 милиони денари за Прилепска пиварница

13

prilepska-pivarnica-580x364

Прилепска пиварница во првите шест месеци од годината работеше со добивка од 104.121.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на компанијата изнесуваше 113.936.000 денари.

Вкупните приходи од продажба достигнаа 761.177.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 748.047.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 13.130.000 денари.