Добивка од над 184 милиони денари за Охридска банка

136

ohridska banka bi

Охридска банка, членка на Societe Generale Group, прикажа добивка од 184.759.000 денари, за период од први јануари до 30 септември оваа година, стои во билансот на банката, објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, добивката на банката била 118.918.000 денари.

Нето приходите од камата се на ниво од 645.449.000 денари, додека во истиот период лани биле 610.326.000 денари.