Добивка од над 41 милиони денари за Хотели Метропол

45

hotel metropol

Хотели Метропол Охрид, од први јануари до 30 септември оваа година, оствари добивка во висина од 41.893.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

“Во периодот од први јануари до 30 септември оваа година, Хотели Метропол АД Охрид во своето работење бележи зголемен број на ноќевања за 6% во однос на истиот период во 2013 година, а притоа е остварен позитивен финансиски резултат“, стои во образложението кон билансот на успех, објавено на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата оствари добивка во висина од 34.832.000 денари.

Приходите од продажба на Хотели Метропол за девет месеци изнесуваат 135.645.000 денари, додека во истиот период лани тие беа на ниво од 126.901.000 денари.