Добивка од над 7,5 милиони денари за Аутомакедонија

30

automakedonija 1

Компанијата Аутомакедонија прикажа добивка од 7.591.000 денари во период од 01.01. до 31.12.2014 година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година, компанијата прикажа добивка од 11.959.000 денари.

Аутомакедонија во 2014 година реализираше приходи од продажба во висина од 363.948.000 денари, додека една година претходно тие беа на ниво од 359.619.000 денари.