Добивка пред оданочување од 24,4 милиони денари за Осигурување Македонија Виена Иншуренс груп

19

osiguruvanje makedonija

Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп првото тримесечје од 2016 година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 24,4 милиони денари. Во истиот период 2014 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 9,5 милиони денари.

Бруто полисираната премија бележи пораст во однос на истиот период од минатата година од 6,6%.

Во првото тромесечје приходите од работењето се во износ од 178,1 милиони денари, бележат пораст од 6,2% во однос на 2015 година. Расходите од работењето во износ од 153,7 милиони денари се за 3% пониски во однос на претходната година.

Основна цел на Друштвото во 2016 година е да се зголеми обемот на квалитетни осигуреници што ќе придонесе до задржување на трендот на остварување позитивен финансиски резултат.