Добивката на Алкалоид се распоредува за дивиденда и инвестиции

24

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид донесе предлог одлука за употреба и распоредување на добивката по годишната сметка за 2016 година.

Според предлог одлуката, нето добивката во висина од 704.269.883 денари се распоредува на: дел за дивиденда и персонален данок од 357.838.250 денари и дел од 346.431.633 денари за инвестиции.

Акционерите на Алкалоид, согласно предлог одлуката за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2016 година, ќе добијат дивиденда од 225 денари нето или 250 денари бруто за една акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 18-ти април, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 19-ти април 2017 година. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2016 година е 21.04.2017 година, додека исплатата на дивидендата за 2016 година ќе започне од 17-ти мај.