Добивката на Европа за дивиденда, награди и законски резерви

98

evropa ad

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје донесе одлука за распределба на добивката од минатата година.

“Нето добивката од 2015 година во износ од 28.277.986 денари да се распореди за: законски резерви од 1.413.899 денари, за дивиденда 20.197.420 денари и награда на Управен и Надзорен одбор од 6.666.667 денари“, стои во одлуката.

Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 150 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 13.06.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 14.06.2016 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 16.06.2016 година.

Дивидендата, како што се наведува, ќе се исплати најдоцна до 30.09.2016 година.