Добивката на Фустеларко Борец за резерви и дивиденда, остатокот ќе се акумулира

60

fustelarko-borec

Фустеларко Борец со предлог одлука за распределба на добивката за 2016 година.

Пет проценти од добивката, којашто е во износ од 9.121.988 денари, се распоредуваат на законски резерви во износ од 456.100 денари. На име бруто дивиденда се издвојува износ од 4.302.540 денари, додека остатокот од нето добивката во износ од 4.363.348 денари се акумулира.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 22-ри мај, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 23-ти мај. Датум на пресек на акционерска книга е 26.05.2017 година, додека исплатата на дивидендата е до 30-ти септември.