Добивката на Гранит за дивиденда, награди на менаџерскиот тим и за реинвестирање

37

granit

Собранието на акционери на градежната компанија Гранит донесе одлука за распределба на добивката остварена во 2016 година.

“Нето добивката по годишна сметка за 2016 година на ГД Гранит, во износ од 234.028.338 денари се распределува: за дивиденда во бруто износ од 77.565.712 денари, за награда на менаџерскиот тим и раководен кадар во бруто износ од 26.000.000 денари и добивка за реинвестирање во износ од 130.462.626 денари“, стои во одлуката.

Исто така, донесена е и одлука за исплата на дивиденда, според којашто износот на дивиденда за една акција во бруто износ изнесува 28 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 27-ми јуни, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2016 година е 28-ми јуни оваа година.

Датумот на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 30-ти јуни 2017 година. Исплатата на дивиденда ќе започне на 22-ри септември.