Добивката на Комерцијална банка за дивиденда и резерви

273

Нераспределената добивка на Комерцијална банка до 31-ви декември 2019-та година се распределува за дивиденда и резерви, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

“Нераспределената добивка на банката до 31.12.2019 година, се распределува на: дивиденда за обични акции – 1.253.486.850 денари и за резерви – 553.268.757 денари“, стои во предлог одлуката што ќе биде ставена на дневен ред пред Собранието на акционери на втори април оваа година.

Средствата за дивиденда за обични акции, како што стои во предлог одлуката, ќе се распределат во готово.

“Вкупниот износ на делот од добивката за иматели на обични акции се предлага да изнесува 1.253.486.850 денари, односно 550 денари по акција, што изнесува 55% од поединечната номинална вредност на акциите“, стои во предлог одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019-та година е 21-ви април оваа година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019-та година е 22-ри април. Датумот на евиденција, според којшто се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2019-та година, е 23-ти април.

Исплатата на дивидендата, како што се наведува, ќе започне на 29-ти април.

Средствата за награда на Надзорниот одбор во износ од 1.555.554 денари, коишто, како што се наведува, претставуваат трошок за банката, да се распределат во готово.

Фото: Pexels