Добивката на Комерцијална банка за дивиденда, резерви и задржана добивка

20

Собранието на акционери на Комерцијална банка потврди дека банката ја заврши 2018 година со бруто добивка во износ од 1.992,7 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 212,4 милиони денари, нето добивката на банката изнесува 1.780,3 милиони денари.

Акционерите на банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.780,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 42% од номиналната вредност на акцијата, односно по 420 денари на една акција.

Заради зголемување на вкупниот капитал на банката и на книговодствената вредност на акциите на банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 500 милиони денари да се издвои во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка.