Добивката на Македонијатурист за инвестиции, дивиденда и дополнителни издатоци

117

makedonija-turist-580x162

Македонијатурист донесе предлог одлука за распределба на добивката остварена во 2016 година.

“Добивката по оданочување по годишната сметка на Македонијатурист за годината којашто завршува на 31.12.2016 година, во износ од 117.628.276 денари се распоредува на: 24.510.830 денари за инвестиции, 75.730.513 денари за дивиденда и 17.386.933 денари за дополнителни издатоци по одлука и статут“, стои во предлог одлуката.

Дополнителните издатоци по одлуката и статутот, како што се наведува, во бруто износ од 17.386.933 денари ќе се распределат со одлука на Надзорниот одбор на компанијата, во којашто ќе бидат утврдени поединечните износи на овие издатоци, според процена на вложен труд и постигнати резултати. Средствата за награди на Надзорниот одбор во бруто износ од 1.250.000 денари ќе се исплатат на товар на трошоците на компанијата.

Според дивидендниот календар, висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 186,05 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда е трети мај оваа година, додека прв ден на трување без право на дивиденда е четврти мај. Датум на стекнување на право на дивиденда е осми мај 2017 година.