Добивката на НЛБ Банка за дивиденда, инвестиции и резерви

26

nlb-banka-novo-logo НЛБ Банка со предлог одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка за 2016 година.

“Добивката по оданочување по годишната сметка на НЛБ  Банка за 2016 година во износ од 1.579.295.033 денари се распоредува на: 849.790.695 денари за исплата на дивиденда, 241.000.000 денари за задржана добивка за инвестициски вложувања и 488.504.338 денари за општ резервен фонд“, стои во предлог одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 19.05.2017 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2016 година е 22.05.2017 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2016 година е 25.05.2017 година.

Износот на бруто дивидендата по акција е 995 денари.

Исплатата на дивидендата, како што се наведува, ќе отпочне 30-от ден од одржување на Собранието на НЛБ Банка.