Добивката на НЅВС двојно зголемена за шест месеци

88

Добивката на банкарскиот гигант HSBC е повеќе од двојно зголемена во првата половина од годината, благодарение на економското закрепнување во Велика Британија и Хонгконг, пренесуваат британските медиуми.

Најголемата европска банка по имот оствари добивка пред оданочување во износ од 10,8 милијарди долари, додека добивката во истиот период лани изнесувала 4,3 милијарди долари.

Банката со седиште во Велика Британија објави дека сите региони каде што работи се профитабилни, пренесува ВВС.

“Задоволен сум од резултатот што е генериран благодарение на нашите планови за раст и трансформација, со добри резултати на сите четири столбови на нашата стратегија. Конкретно, започнавме цврсти мерки за да ја дефинираме иднината на нашите американски и континентално европски активности“, рекол Ноел Куин, извршен директор на НЅВС.

Според податоците од банката, нивното работење во Велика Британија во тој период оствари повеќе од 2,1 милијарда долари пред оданочување.

Фото: Pexels