Добивката на Оилко за дивиденда, инвестиции и задолжителна резерва

20

oilko

Оилко КДА Скопје донесе одлука за распоредување на добивката по годишна сметка за 2015 година.

“Тековната добивка за 2015 година во вкупен износ од 63.057.496 денари се распоредува на: 3.152.875 денари за задолжителна резерва, 13.838.710 денари за исплата на дивиденда и 46.065.911 денари за инвестиции“, стои во одлуката.

Акумулираната добивка од претходните години, како што се наведува, се распоредува за исплата на дивиденда во вкупен бруто износ од 1.216.670 денари.