РЖ Техничка контрола донесе одлука за распределување на добивката за 2015 година.
“Нето добивката во износ од 8.126.363 денари по годишна сметка за 2015 година се распределува за набавка на основни средства. Делот од акумулираната добивка до 31.12.2008 година во износ од 6.055.840 денари ќе се користат за исплата на дивиденда за обични акции“, стои во Одлуката објавена на Македонска берза.
Дивидендата, според одлуката за исплата на дивиденда, во бруто износ по акција ќе изнесува 32 денари. Датум за евиденција според којшто ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 20.05.2016 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 17.05.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 18.05.2016 година.