Добивката на Стопанска банка Битола оди во законски резерви

25

stopanska banka bitola

Стопанска банка Битола донесе предлог одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка за 2015 година.

“Стопанска банка Битола остварената нето добивка по годишна сметка за 2015 година, во износ од 7.842.003 денари ја распоредува во законски резерви“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.