Добивката на Тиквеш оди во резерви

20

tikves

Винарската визба Тиквеш донесе одлука за распределба на остварената добивка од работата во 2015 година.

Вкупната нето добивка остварена во текот на минатата година, според одлуката објавена на Македонска берза, е 36.617.644 денари. Од тој износ 15% или 5.492.647 денари отпаѓаат на законски резерви, а остатокот од 31.124.997 денари останува за понатамошна распределба.

Износот од 31.124.997 денари распореден во добивката наменет за реинвестирање да се користи во текот на годината за вложувања во нови инвестиции.