Добивката на Триглав Осигурување за резерви и и инвестиции

59

Собранието на акционери на Триглав Осигурување донесе одлука за распоредување на остварената чиста добивка за 2020 година.

“Чистата добивка остварена во 2020 година, во износ од 15.245.682 денари се распоредува на: резерва за сигурност (законски дел) во износ од 5.081.894 денари и инвестиции во износ од 10.163.788 денари“, стои во одлуката.

Неискористениот дел од резервите за инвестиции за 2020 година во износ од 2.546.086 денари, како што се наведува, се враќа во нераспределената добивка.

Фото: Facebook