Добивката на ТТК за резерви и дивиденда, остатокот останува нераспределен

12

ttk-banka

ТТК Банка со одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка за 2016 година.

“Нераспределената добивка на ТТК Банка по годишна сметка за 2016 година во износ од 83.680.065 денари се распределува на: 4.643.138 денари за резерви, 74.648.494 денари за дивиденда за обични акции и нераспределена добивка од 4.388.433 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Собранието на акционери на ТТК Банка, исто така, донесе одлука за распределување на износот на дивиденда и датуми на исплата на дивиденда за 2016 година. Според одлуката, бруто износот на дивидендата е 74.648.494 денари. Висината на бруто дивиденда по акција е 82,2 денари.

Датум на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2016 година е 18-ти април. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 11-ти овој месец, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 12-ти април.

Исплатата на дивидендата ќе започне на осми мај оваа година.