Добивката на Витаминка за инвестиции, дивиденда и награди на менаџерите

47

vitaminka prilep

Собранието на акционери на Витаминка од Прилеп донесе предлог одлука за употреба на добивката по оданочување според годишната сметка за 2015 година.

Добивката од редовно работење по оданочување на Витаминка изнесува 56.687.453 денари. Од нив, според предлог одлуката, 40.055.453 денари се одвојуваат за резерви за инвестициски вложувања, 5.544.000 денари во бруто износ за награди на менаџерски тим и раководен кадар и 11.088.000 денари за бруто дивиденда.

Собранието на акционери на Витаминка донесе и дивиденден календар. Дивидендата за 2015 година изнесува 130,07 денари нето по акција или 144.53 денари бруто по акција што во процентуален износ од номиналната вредност на акцијата е 4,46%.

Датум на пресек на акционерската книга, според којашто се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда за 2015 година е 15.06.2016 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.06.2016 година.

Исплатата на дивиденда за 2015 година, како што се наведува, ќе се изврши до 30.09.2016 година.